Мирот и безбедноста

ЕУ е создадена за да го осигура мирот на европското тло по двете светски војни. Денес, таа е клучен глобален актер во промовирањето на безбедноста, демократијата и стабилноста.

Единствен пазар

Економскиот столб на ЕУ овозможува слободно движење на стоки, услуги, луѓе и капитал. Ова создава вработување, ја зајакнува конкуренцијата и им овозможува на граѓаните да работат и да патуваат лесно.

Клучни институции

Главните институции што ја водат Унијата се Европската Комисија, Европскиот Парламент и Советот на ЕУ. Тие работат заедно за да донесуваат и спроведуваат заеднички политики.

Заеднички вредности

ЕУ е изградена на вредностите: почитување на човековите права, слободата, демократијата и еднаквоста. Овие принципи се основата на сите нејзини политики и членувото.

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот има за цел да придонесе кон создавање на поинклузивно, мултикултурно и демократско општество, каде што граѓанските организации ќе играат значајна улога во процесите на европска интеграција. Долгорочната промена кон која се стреми проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор за активно учество во креирањето јавни политики, застапување на европските вредности и поттикнување на мултиетничка соработка.

Активно вклучување на повеќе од 100 маргинализирани лица, особено од ромската заедница.

Зголемена свесност за европските вредности и процеси кај над 80% од учесниците;

Развивање на стратегии за мултиетничка соработка со фокус на инклузивност;

Достигнување на повеќе од 2.000 граѓани и 20 институции преку информативни кампањи;

Зајакнување на капацитетите на најмалку 60 учесници во граѓански организации преку обуки;

ВЕСТИ

НАУЧИ ПОВЕЌЕ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Основни вредности

ЕУ е изградена на вредностите: мир, слобода, демократија, еднаквост и почитување на човековите права.

Економски сојуз

Економскиот столб на ЕУ ги обединува економските политики и ја зајакнува стабилноста на еврозоната.

Правна регулатива

Правниот систем на ЕУ ги гарантира истите права и обврски за сите граѓани и држави.

Европска Комисија

Ја претставува заедничкиот интерес на ЕУ и предлага нови закони и политики.

Европски Парламент

Директно избрано законодавно тело што ги застапува граѓаните на Унијата.

Шенген зона

Простор без внатрешни граници за слободно движење на луѓето.

Здружение на Роми „Авена“ — Кочани

Здружението „Авена“ од Кочани е невладина организација која работи со ромската заедница, особено во сферите на образование, социјална поддршка и вклучување. Една од нивните мисиите е подобрување на учебните постигнувања на ромските ученици преку дополнителни часови, менторска поддршка и вклучување на родителите. „Авена“ е партнер во проекти за превенција на напуштање на училиштето (Early School Leaver Monitoring System) и соработува со училишта и невладини организации за создавање услови за еднакви шанси за ромската заедница.

Претставник на здружението е Драганчо Георгиев, а контакт-адресата е “Стамен Манoв” 34, Кочани.  

Телефон: +389 75 903390  

Е-маил: avenakocani@yahoo.com