Во рамки на проектот „Заедно кон Европа: Мултиетничка иницијатива за европска иднина за сите генерации“, на 21 јули 2025 година, во просториите на Здружение на Ромите Черења од Штип, се одржа еднодневна обука на тема „Застапување на правата на малцинствата и демократија“.

Претставници од граѓански организации од Штип и Кочани, вкупно 15 учесници, преку динамична и интерактивна програма:
• ја продлабочија својата свест за демократијата и правата на малцинствата,
• се запознаа со стратегии и алатки за ефективно застапување,
• развиваа застапувачки стратегии во работни групи,
• учествуваа во симулирани состаноци за практична примена на стекнатото знаење,
• изработија конкретни иницијативи за подобрување на застапувањето на правата на малцинствата во локалните заедници.

Оваа обука е особено значајна за процесот на европска интеграција, бидејќи зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации и унапредувањето на правата на малцинствата се клучни услови за изградба на инклузивно и демократско општество, што претставува основен столб во евроинтеграциските процеси.

