Панел дискусија на тема „Европските вредности и ЕУ интеграцијата низ призмата на младите во мултиетнички заедници“ се реализираше на 28 јули во просториите на ГРЕЕН ХАБ во Кочани. Овој настан собра млади активисти од различни етнички заедници кои ја споделија својата визија, искуства и размислувања за европските вредности и можностите и предизвиците поврзани со процесот на европска интеграција.

Во текот на дискусијата, учесниците ја нагласија потребата од поголема информираност и едукација за Европската Унија и нејзините вредности, како и значењето на активното вклучување на младите, особено од мултиетничките и ранливите заедници, во процесите на интеграција.

Истакнат беше и придонесот на европските програми како Erasmus+ и Европскиот волонтерски сервис, кои нудат можности за личен и професионален развој, како и за градење на меѓукултурна соработка и разбирање.

Младите учесници ја потенцираа важноста на нивното активно учество во донесувањето одлуки и креирањето политики, како и потребата за промоција на дијалогот, толеранцијата и соживотот во мултиетничките средини.

На крајот од дискусијата, учесниците споделија инспиративни размисли за иднината, нагласувајќи ја нивната посветеност да бидат двигатели на позитивни промени и мостови меѓу различните заедници во земјата и во рамки на Европската Унија.

Овој настан е значаен чекор кон зајакнување на младинското учество и подигнување на свеста за европските вредности во мултиетничките средини, како и поттик за понатамошна заложба за европска интеграција на земјата.