ЗАЕДНО КОН ЕВРОПА

ЗДРУЖЕНИЕ НА РОМИ ,, АВЕНА,, КОЧАНИ- спроведувач

„Заедно кон Европа: Мултиетничка иницијатива за европска иднина за сите генерации“

Период од имлементација : јуни- октомври 2025год

Општа цел

Проектот има за цел да придонесе кон создавање на поинклузивно, мултикултурно и демократско општество, каде што граѓанските организации ќе играат значајна улога во процесите на европска интеграција. Долгорочната промена кон која се стреми проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор за активно учество во креирањето јавни политики, застапување на европските вредности и поттикнување на мултиетничка соработка.

Проектот ќе придонесе кон:

  • Зголемено учество на локалните заедници во европската интеграција;
  • Подобрување на мултиетничката соработка и почитување на правата на малцинствата;
  • Зајакнување на демократските капацитети на граѓанските организации;
  • Создавање одржливи партнерства меѓу граѓанскиот сектор, институциите и локалната заедница.

Цел на проектот

Целта е да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации преку:

  • Подигнување на свеста за европските вредности и значењето на европската интеграција;
  • Развој на практични вештини за застапување, лобирање и комуникација со институциите;
  • Поттикнување мултиетничка соработка и вклученост во демократските процеси;
  • Креирање платформи за соработка и размена на искуства меѓу различни организации.

Овој проект им овозможува на граѓанските организации да бидат поефикасни во застапувањето и во спроведувањето на европските стандарди за човекови права, со што придонесуваат кон изградба на инклузивно и демократско општество.

Целни групи

  • Членови и активисти од граѓански организации во Источниот регион (Кочани, Виница, Штип, Зрновци);
  • Млади лидери и претставници на локални невладини организации;
  • Граѓани кои се заинтересирани за теми како европска интеграција, човекови права и инклузивни политики;
  • Особено фокусирано на организации и индивидуи кои работат со мултиетнички заедници и маргинализирани групи, вклучувајќи ги и Ромите.


Подрачја на спроведување

Проектот ќе се реализира во Источниот регион на Северна Македонија, во општините:

  • Кочани
  • Виница
  • Штип
  • Зрновци

Главни активности

Обуки за граѓански организации

Организација на обуки со цел:

  • Да ги запознаат учесниците со европските вредности и процесите на ЕУ интеграција;
  • Да развијат вештини за мултиетничка соработка и инклузивни политики;
  • Да овозможат практични алатки за застапување и лобирање за правата на малцинствата.

Развивање стратегија за мултиетничка соработка

Преку консултации со локални чинители, експерти и граѓански организации, ќе се изработи стратегија за:

  • Подобрување на инклузивноста на јавните политики;
  • Зголемување на учеството на етничките заедници;
  • Поттикнување дијалог и соработка помеѓу различните етнички групи.
    Стратегијата ќе послужи како практичен водич за локалните власти и организации.

Информативни кампањи

Кампањите ќе бидат насочени кон:

  • Подигнување на јавната свест за европските вредности, човековите права и демократските процеси;
  • Поттикнување активно учество на граѓаните во европската интеграција.
    Кампањите ќе се спроведуваат преку социјални медиуми, локални радио, ТВ и јавни промоции.

Вебинари и јавни настани

Организирани се серија онлајн и локални настани каде што:

  • Граѓаните ќе можат да учествуваат во дискусии за европските вредности;
  • Ќе бидат претставени успешни примери од мултиетнички иницијативи;
  • Ќе се овозможи директна комуникација со експерти, активисти и претставници на заедниците.

Очекувани резултати

Активно вклучување на повеќе од 100 маргинализирани лица, особено од ромската заедница.

Зголемена свесност за европските вредности и процеси кај над 80% од учесниците;

Развивање на стратегии за мултиетничка соработка со фокус на инклузивност;

Достигнување на повеќе од 2.000 граѓани и 20 институции преку информативни кампањи;

Зајакнување на капацитетите на најмалку 60 учесници во граѓански организации преку обуки;