Во рамки на проектот „Заедно кон Европа: Мултиетничка иницијатива за европска иднина за сите генерации“, на 18 јули 2025 година, во просториите на Здружение на Ромите Черења од Штип, се одржа еднодневна обука на тема „Мултиетничка соработка и инклузивни политики“.

На обуката учествуваа 15 претставници од граѓански организации од Штип и Кочани, претежно ромски и про-ромски здруженија, кои активно делуваат во областа на инклузија, застапување и граѓанска партиципација. Овој настан беше можност за продлабочување на нивните знаења и вештини, како и за размена на искуства во предизвиците и можностите поврзани со мултиетничката соработка.

Преку интерактивна и динамична агенда, учесниците:
• дискутираа за принципите и важноста на мултиетничката соработка во локалните заедници,
• се запознаа со инклузивни политики од национален и европски контекст, кои имаат за цел да овозможат еднакви можности за сите граѓани,
• учествуваа во групна анализа на локални предизвици и можности кои влијаат на мултиетничките односи,
• креираа конкретни иницијативи и предлози за унапредување на соработката и солидарноста меѓу различните заедници.

Оваа обука претставува значаен чекор во насока на јакнење на капацитетите на граѓанските организации и поттикнување на активна и ефективна мултиетничка соработка, што е од клучно значење за процесот на европска интеграција и создавање инклузивно и демократско општество.
